![crew dragon](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/03/crew-dragon.jpg?resize=696%2C444&ssl=1)
Ракетата со капсула за човечки екипаж во којашто сега е куклата Рипли, која е изградена од приватната компанија „SpaceX“ на Илон Маск, лансирана е во саботата на пробниот лет до Меѓународната вселенска станица (ISS).
Ракетата „Falcon 9“ со вселенското летало Dragon-2 (Crew Dragon), лансирана е ноќта кон саботата по американски време од вселенскиот центар Кенеди на Флорида. Капсулата без екипаж треба до ISS да стаса во недела.
На твитер профилот на „SpaceX“ беше следена секоја фаза од лансирањето. Спојувањето со орбиталната станица ќе започне во недела утрото и ќе биде пренесувано во живо.
Леталото изведува пробен лет во автоматски режим. Во капсулата е само куклата облечена во вселенско оделод на „Tesla“, именувана по главниот лик во филмот „Alien“.
Каспулата „Crew Dragon“ се базира на товарниот брод „Dragon“ кој изврши лет од ISS во 2012 година. Уредот е наменет за екипаж од седум лица, а во јули годинава е планиран првиот негов лет со човечки екипаж.
САД престанаа да испраќаат астронаути во Вселената во 2011 година, откако заврши програмата „Шатл“, и од тогаш на ISS испраќаа свои астронаути со руските бродови „Сојуз“.
Во 2014 година американската агенција за вселенски истражувања NASA потпиша договори со неколку приватни американски компании за развој на летала со човечки екипаж, меѓу кои се „SpaceX“ и „Boeing“, со што се сака да се заврши зависноста од Русија за летовите до ISS.
Првото лансирање на вселенскиот брод „Starliner“ создаден во „ Boeing“ е закажано за април, а првиот лет со екипаж треба да биде остварен во текот на летото.
Crew Dragon is on its way to the International Space Station! Autonomous docking at the @Space_Station set for early tomorrow morning. Watch live starting at 3:30 a.m. EST, 8:30 a.m. UTC → https://t.co/gtC39uBC7z
— SpaceX (@SpaceX) March 2, 2019