Кинеската национална вселенска агенција (CNSA) во саботата го лансираше вселенското летало „Шенжоу 13“ со тројца „тајконаути“ до рбиралната станица која се гради, на којашто ќе останат рекордни шест месеци.
Леталото беше лансирано со ракетата носач „Чанчжен-2-еф“ (Долгиот Марш) во саботата половина час по полноќ по локално време, или околу 19,30 часот по средноевропско време, од космодромот Џинкуан во пустината Гоби во северозападниот дел на Кина.
Тројцата астронаути треба да стаса на „Тианхе“, единствениот модул кој е веќе во орбитата од трите кои на крајот ќе ја сочинуваат кинеската вселенска станица.
Мисијата на екипажот е да го продолжи градењето на вселенската станица, да го провери нивото на опремата и да спроведе неколку научни истражувања. Исто така, ќе изведат две или три излегување во отворниот космост.
Нивниот престој ќе претставува удвојување на рекордот во времетраењето на кинеска мисија со екипаж, кој во септември годинава го поставија астронаутите од претходната мисија „Шенжу 12“, која на Тианке остана три месеца.
Станува збор за петтата од вкупно 11-те, со или без екипаж, колку што се предвидува дека ќе бидат вкупно потребни за градење на кинеската вселенска станица, која би требало да биде завршена до крајот на 2022 година. Наречен Таангонг (Небески дворец), според големината ќе биде слична на поранешната советска станица „Мир“ (Свет), а предвидено е во функција да бидае најмалку десет години.
Кина периодично изведува вселенски мисии со екипаж, а првиот од нив „Шенжу-1“ во режим на тестирање (без човек) беше изведен во ноември 1999 година. Пекин првпат испрати астронаут во вселенското пространство околу Земјата во октомври 2003 година, а пет години подоцна успешно завршена мисијата за вселенски излегување на човекот во космосот.