Ласовска: Целата јавност сака да знае кој прислушува во Македонија

На денешната собраниска седница имаше обраќање пратеничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Благица Ласовска, која истакна дека граѓаните и целата јавноста сака да знае кој прислушувал.

Ласовска рече дека СДСМ дојде на власт објавувајќи прислушувани разговори и дека граѓаните бараат да дознаат официјално кој прислушувал во земјава.