Ласовска: Ќе продолжиме со објавување на документи кои се сериозни докази за злоупотреби од градоначалниците на СДСМ

Ќе продолжиме со објавување на документите коишто се сериозни докази за злоупотреба на службената положба и овластување од учесниците во локалната власт од страна на СДСМ во изминатите четири години, изјавио во четвртокот вечерта шратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска која во дебатната емисија „Патот кон“ на телевизија Алсат се соочи со колегите од владејачкото мнозинство

Ласовска истакна дека од документите и доказите за злоупотреби кои ВМРО-ДПМНЕ од вчера почна да ги објавува, јасно се гледа декаградоначалниците на СДСМ правеле злоупотреби на народните пари и дека ќе продолжат во иднина да објавуваат докази за злоупотреби и дека сега на потег се правосудните органи да ги истражуваат случаите.

„Тоа се документи, сериозни докази за злоупотреба на службената положба и овластувања, како едно нахално однесување на локалната власт во изминатите четири години. И да, секако дека ќе продолжиме со објавување на овие злоупотреби на народните пари, зато што, да се разбереме СДСМ кога доаѓаше на власт ветуваше и главната девиза на шарената револуција, беше „нема правда-нема мир“ и дека чесно, пристојно ќе владеат. Но, веќе пет години гледаме што се случува, едно вакво нахално однесување, буквално крадење на народните пари, а на терен, она што го очекуваат граѓаните од нив и она што го ветувале на изборите, нема буквално ништо. И да, секако дека ќе продолжиме со објавување, тоа впрочем како опозициска партија и наша должност да им објасниме на граѓаните, каде оделе нивните пари. И сега на потег се правосудните органи и јавното обвинителство“, истакна Ласовска.

Пратеничката му реплицираше на нејзините колеги од СДСМ и ДУИ, Дарко Каевски односно Арбер Адеми, кои прес конференциите на кои ВМРО-ДПМНЕ ги објавува документите за злоупотреби на градоначалниците од нивните партиски редови, ги нарекоа спектакл, дека тоа докази за тендерски постапки за злоупотреби на народни пари.

„Тоа се тендерски постапки со кои што се злоупотребиле народни пари. Не знам во каква паралелна реалност живеа мојот колега Дарко, но треба да ги служа и да ги гледа работите кои што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, само за овие 100 дена направија многу повеќе од градоначалниците на Социјалдемократскиот сојуз. Многу повеќе. Несам и неможам и немам време во емисијава да ги набројувам сите проекти кои што се направени само ма 100 дена. Така да, неспособноста на градоначалниците на Социјалдемократскиот сојуз допрва ќе излегува на виделина. А сметам дека мојот колега треба да се симне покрај граѓаните и да ја види реалноста на терен. Не може по никој основ да видите дека е овој спектакл или дека ова е замајување на јавноста“, рече Ласовска.

Додаде дека граѓаните имаат право да знаат каде одат нивните пари затоа што живееме во тешки времиња на неколку кризи и пандемија со која власта не може никако да се справи, и дека работа на опозицијата е на нив да им ја презентира вистината на македонските граѓани. Ласовска им порача на пратениците од парламентарното мнозинство, место да мислат на криминални тендери, да работат на подобрување на животот на граѓаните.

„Граѓаните треба да знаат каде одат нивните пари, затоа што живееме во најстрашните денови, но најтешките денови во историјата на државата. Економска криза, финансиска криза, енергетска криза, пандемија, здравствена криза со која што незнаат, неможат апсолитно никако да се справат. Тоа се гледа секој ден. Тргнете по улиците, тргнете по домовите на граѓаните, доволно е да ги слушате дебатните емисии со што се се соочуваат нашите сограѓани. Каков живот живеат и најмалку што можете да направите е да го почитувате нивното мислење и бидејќи сеуште сте власт, да не мислите на криминалните тендери, туку да го подобрите животот на граѓаните, тоа се очекува од вас како власт“, посочи Ласовска.