Јавно бараме Европската унија да го спречи прогонот кој се врши врз вработени во државната администрација само затоа што не се членови на СДСМ, побара во понеделникот Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ од дипломатската мисија на Унијата во Скопје.
„Жртви на лудилото на СДС се самохраната мајка Ристенка Атанасова, Бранка Шишовска од Берово, Роза Јаневска од Неготино, Весела Честоева, самохраната мајка Катерина Матиќ и уште десетици други жени, професионалци и докажани во својата дејсност. Жртви на партискиот прогон на СДС се и уште стотици други кои новите раководни кадри на партијата на власт ги малтретира, им се заканува и им врши мобинг само затоа што се вработиле изминатите години“, рече Ласовска.
Посочи дека овие жени и самохрани мајки остануваат на улица.
„Режимот на СДС без никаква причина и аргумент ги отстранува од работните места и ги остава без егзистениција нив и нивните деца“, предупреди Ласовска.
Како што рече, режимот на СДСМ не го интересита тоа што овие жени се докажани во својата област и години наназад имаат огромен придонес во институциите во кои работеле.
„За режимот на СДС сите имаат смртен грев, а тоа е што не размислуваат политички како Зоран Заев“, рече претставничката на ВМРО-ДПМНЕ.
Истакна дека изминатиот кус период од владеењето на СДСМ, покрај тоа што се спроведува брутално партизирањена институциите, од друга страна долгогодишни професионалци се бркаат од работа бидејќи вршеле функции или биле вработени во изминатите десет години.
„Сево ова е политички и партиски инспирирано. Впрочем гледаме на дело како се спроведуваат заканите на Зоран Заев дека ќе ги брка вработените во администрацијата на клоци а ќе партизира се од чистачка до министер во институциите. Ако на ова се надоврзе и изјавата на пратеникот од СДС, Курто Дудуш кој јавно говореше дека партиската книшка на СДС ќе биде основа за вработување, тогаш граѓаните со право се загрижени дека ова што сега се случува е најава за фашизмот и едноумието кое новата власт почнува да го инсталира“, заклучи Ласовска.
Уште еднаш апелираше до Европската унија да реагира за оваа штетна политика на СДСм и владата којашто таа ја предводи и на бруталната партизација и политички прогон.
„Тоа е крајно неморално, нелегално и на крајот на краиштата е штетно по иднината на професионалната државна администрација. Очекуваме ЕУ да застане на патот на ова лудило на СДС кое е инспирирано и диктирано од Зоран Заев со неговите изјави од минатото“, заклучи Ласовска.