-Вие од СДСМ нема што да кажете генерално за Буџетот, бидејќи Буџетот се знае не само што е неразвоен туку е еден вид предизборен поткуп и нема што да кажете. Седум милијарди евра е долг, над 4.800 има секое семејство во Република Македонија долг. Значи откако сте дојдени на власт две милијарди евра сте ја задолжиле државата, а тие пари не ги гледаме. Еве вие од СДСМ и сами кажавте дека се скратени сите инвестиции од министерството за образование, за бројчаникот веќе никој не ни говори, а практично парите кои што ги предвидувате и овој е најголемиот Буџет досега во Република Македонија не можат граѓаните да видат каде се вложуваат, истакна Благица Ласовска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на собраниската седница.
Ласовска додаде дека во министерството за образование има едно такво безмилосно и безобразно кратење. Министерката Царовска со нејзиното однесување требало да го наметне ставот кај министерот за финансии дека оваа година и те како треба повеќе пари за министерството за образование.
-Годинава и оваа година што измина единствено парите требаше да се пренасочат во образование и во здравство, нагласи Ласовска.
Ласовска потсети дека платите на наставниците воопшто не се качени како што ветуваа Заев и Царовска.
-По коефициент 2.5 наставник требаше да зема 37.500 денари, наставник приправник коефициент 2.3 треба да зема плата 34.500 денари. Тоа е колективен договор и ништо друго од власта не требаше да прави освен да го испочитува колективниот договор кој што е потпишан и е на сила, но власта не го почитува, рече Ласовска.