Латас: 80 панцири најдени кај Чауш се во директна врска со терористите од Диво Насеље

Осумдесет панцири кои се најдени кај Чауш имаат директна врска со акцијата на терористите во кумановско, пишува Драган Павловиќ- Латас во неговата најнова колумна „Мортиша“.

Се огласи и Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Појавата не беше изненадување бидејќи Зоран Заев, обвинето лице на привремена работа шеф на СДСМ, го најави настапот неколку пати претходно. Како што е ред, пишува во својата колумна насловена „Мортиша“ новинарот Драган Павловиќ Латас.

Латас во колумната нагласува дека уште лани пред Нова година Заев најави дека првите резултати на СЈО и Катица Јанева треба да се очекуваат пред март, и дека ќе се однесуваат на изборите.

Што е логично, изборите се на 24 април и треба некој да заврши работа за СДСМ кој пред тие избори стои лошо, уште полошо отколку пред минатите кои убедливо ги загуби. Во меѓувреме Катица му го ослободи од притвор дилерот на телефонски разговори Верушевски за потоа Заев да објави дека немал 600.000 прислушувани разговори, туку по излегувањето на Верушевски од притвор бројката се качила на еден милион. Потоа, душа ситна не издржа, цел јануари заклучно до пред некој ден, Заев најавува кој и за што ќе биде гонет од СЈО, како да и е ортак на Катица, а не обвинет. Тоа е појако од него. Тој е единствен од политичарите со високи амбиции кој е амнестиран за криминал од осум милиони евра, има две обвиненија, а плус е сомнителен и за соработка со криминалот на фалсификаторот Чауш, пишува Латас.

Латас вели дека има и една дополнителна фаза која ќе следи наскоро, допрва: учеството на Заев и Оливер Спасовски во набавката и намената на околу 80 панцири кои се најдени кај Чауш, и кои имаат директна врска со акцијата на терористите во кумановско Диво Насеље.

Инаку, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој денес беше во работна посета на општина Кисела Вода, на прашањето дали заврши вештачењето на панцирите пронајдени во „фабриката на афери“ на Чаушот, рече дека се работи на таа истрага, но за подетални информации упати во Јавното обвинителство за организиран криминал.