Ако ДУИ прави коалиција со СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ му дава “карт бланш“, единствена македонска партија која треба да ги брани интересите на милион и кусур Македонци, вели новинарот Драган Павловиќ- Латас во емисијата „Од наш агол на МРТ“.
-Јас само едно знам, дека Груевски мирно спие затоа што се иде на негова вода. Ако отиде во опозиција, тоа е единствена македонска партија која се грижи за интересита на Македонците, мнозинството Турци, мнозинството Роми, мнозинството Власи, мнозинството Бошњаци… Како и да е, тој ќе добие барем 100 илјади гласа повеќе на наредните избори, штом ја премине бројката од 500 илјади, тој има 61 пратеник. Груевски не може никој да го противоти, затвори или неговата група да ја отера во затвор во нареди две години. И да го суди и осуди СЈО, и да ги брка по судови, барем две години се постапките. До тој момент, тој е невин човек, вели Латас.