Одбраната на новинарот Драган Павловиќ – Латас бара судот да ја исклучи јавноста при преслушување на два од 137 прислушувани разговори, кои се дел од доказниот материјал на Специјалното јавно обвинителство во предметот Тревник, во чии рамки обвинети се Латас и неговите браќа за бесправна градба на три викенд-куќи во Зелениково.
Во однос на ваквото барање, обвинителката Елизабета Јосифовска реагираше дека овие бомби содржат докази што се дел од обвинението. Бидејќи станува збор за подолги разговори, Јосифовска предложи јавноста да биде исклучена на почетокот од телефонскиот разговор, додека да биде вратена во судската сала кога ќе се преслушува моментот кој го содржи доказот против Латас.
Одбраната не се противеше на таквиот предлог. Адвкатите првично бараа изземање на јавноста во двете бомби бодејќи, како што рече адвокатката Анита Бегова, се работи за разговори што содржат лични и семејни прилики и интимни ставови.
На крајот, Судот прогласи пауза од неколку минути пред да се произнесе по ова.