Латас: Министерот за полиција е генерален секретар на партијата која тепала новинари

Заев го кажа она што сите го знаеме, јас му благодарам, затоа што ни сврши работа. Уште еднаш СДСМ доби доказ и показ зошто е партија која е долго во опозиција и веројатно со Зоран Заев ќе биде уште подолго, рече уредникот на Сител Драган Павловиќ- Латас во вечерашната дебата на МРТ.

Ни сврши работа пред гледачите за да можат да го видат тоа што ние го знаеме. Се работи за човек кој има проблем со себе и своето сваќање на политиката, човек кој е фабрика за непријатели.  Дури и тие малку врски и надеж кои  Црвенковски им ги остави, тоа малку публика, тоа малку поддршка, која ја имаа кога Заев дојде за претседател сега ја губи. Ни сврши работа кај дипломатите. По неговата изјава од денес натаму прилично е различен ставот на дипломатите кон СДСМ. Поддржувачите на СДСМ веќе не се подготвени слепо да го следат, по вакви зборови на омраза, по вакви зборови на насилство, рече Латас.

Латас нагласи дека никаде во Европа ниту еднаш политичар, од ранг на први четири партии, не кажал дека медиум му е непријател.

Тој ги загуби сите политички битики, сега му требаат нови непријатели, сега му се непријатели медиумите. Со оваа изјава тој својата политичка кариера си ја завршил. Сега се чека 24-ти април, тој да го доживее тоа што ќе го доживее. Се чека нов човек, а не човек кој ќе не доживува како непријатели. Го повикувавме неколку пати Оливер Спасовски, неговиот генерален секретар да ги разреши насилствата врз новинарите онаму каде што СДСМ е учесник и нормално Спасовски не може да ги разреши бидејќи е соучесник, тој е генерален секретар на партијата која тепала новинари, се заканувала и кршела простории на новинари, Имате повик на линч од Заев, полиција води човек кој е негов генерален секретар во партијата, рече Латас.

Заев сврши работа за сите нас, сега знаат луѓето со кого имаме работа, заклучи Латас.