Латас: Одговорноста за проблемите е во Владата, а на следните избори СДСМ ќе има помалку од 200,000 гласа

„Проблемите за кои граѓаните се соочуваат се во здравство, економија, образование, полиција, судство и обвинителство сето тоа е одговорност на Влада и тука завршува приказната разговор за проблемите чиј се и кој треба да ги реши. Тоа треба да го реши Владата, а опозиција може да даде свои предлог, а може и да не даде, може да го чува за предизборна кампања“, истакна новинарот Драган Павловиќ Латас во денешното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.

Тој додаде дека се зборува дека е цел Свет во криза, но не е цел Свет во криза исто како што е Македонија.

„Никаде во Свет, никаде на Балкан не се издадоа 220 пасоши на Балкански криминалци како што во Македонија. Македонија има 18% инфлација, а Европа има 4,8%, што значи не увезена инфлација, него Македонија си има свои причини било кое министерство да го земеме сега на маса тука дали било учебниците во образование и друго, дали било РЕК Битола тендерите кои сега се, дали Коридорот 8 кој почна да се плаќа, а не е ни почнат, сето тоа е одговорност на Влада и на избори Владата ќе си одговара за тоа, нема што Мицкоски да одговара за тоа кога ВМРО-ДПМНЕ е 7 години во опозиција, ќе си одговараат сегашните министри“, изјави Павловиќ Латас.

Тој истакна дека понудата на СДСМ е во фаза на реализација, а од таа програма веќе се гледаат кои се резултатите.

Според Павловиќ Латас СДСМ нема да има 200,000 гласа , односно ќе има помалку од 200,000 гласа на овие избори.

„Не постои министерство кое не е спорно со проблеми кои ги нема на Балканот. Дали ќе споредите инвестиции, иселување, немање учебници, издавање пасоши. Каде тоа на Балканот се сликаат претседатели, премиери, министри со нарко дилери и каде тоа соработуваат, гледате преписки, заеднички фотографии итн. Никаде на Балканот го нема, нема ни на Косово, никаде го нема само во Македонија“, вели Павловиќ Латас.

Тој посочи дека на изборите одговара власт, секаде во светот па и кај нас.

„Ако некој не е задоволен како тоа се решаваат одредени сегменти за кои се надлежни Собрание, Министерства, Суд, Обвинителство тогаш не е задоволен од власта и не може тој да биде незадоволен од опозицијата“, кажа Павловиќ Латас.

Според Павловиќ Латас првата грешка на власта е корупцијата, а втората владеењето на правото

„Првата грешка на власта е корупцијата, степенот на корупција според извештајот со исказ на антикорупциска е дека секоја година е поголема. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ исто така имавме мониторинг од „Греко“ и „Транспареси“ и од 60-то место до 130-то место има разлика во корупцијата. Во степенот на корупција е тоа, во износот на корупција Македонија денес има Буџет кој е 3 милијарди поголем од времето на ВМРО-ДПМНЕ, а нема ниту едно сокаче изградено ново во државава, нема едно школо кое го изгради Општина Центар останува тука да се памти, нема ништо, парите ги нема.“, рече Павловиќ Латас.