Латас рече дека не е виновен за дивоградбите во Зелениково

Новинарот Драган Павловиќ Латас изјави дека не се чувствува виновен за кривичното дело кое му се става на товар во предметот Тревник на СЈО.

Тој е обвинет за бесправно градење на викенд куќа во Зелениково.
Дека не се чувствуваат виновни изјавија и неговите браќа, исто така обвинети, Срѓан и Ѕвездан Павловиќ.

По неколку пати одлагање денеска конечно почна главната расправа во овој предмет со воведни излагања на обвинителот и одбраната.