Полицијата во Латвија приведе луѓе кои протестираа во вторникот против демонтирањето на советскиот споменик во чест на ослободувањето на Латвија и нејзиниот главен град Рига од нацистите во Втората светска војна.
Локалните власти изјавија дека од неколкуте десетици кои се појавиле на местото, 14 биле уапсени поради непочитување на наредбите за растерување.
Новинскиот портал „Делфи“ објави дека во вторникот наутро латвиската полиција и тим за демонтирање на споменикот пристигнале во Паркот на победата во Рига, каде што се наоѓа познатиот советски споменик. Спомен-обележјето бил опкружен со огради покриени со непроѕирни фолии додека работниците почнаа да го демонтираат.
Вечерта, луѓето почнаа да доаѓаат во паркот, многумина носеа цвеќиња. Полицијата, сепак, не ги пуштила да се приближат до споменикот, па се обиделе да положат цвеќе на нива до блиската бензинска пумпа, што исто така на крајот било одбиено од полицијата, велат од Делфи.
Подоцна уште повеќе луѓе пристигнале на локацијата, наведува медиумот, од кои многумина почнале да ја пеат популарната руска песна од времето на Втората светска војна „Катјуша“. Во меѓувреме, некои од демонстрантите почнале да стануваат повознемирени и влегле во вербални пресметки со полицијата, по што им беше наредено да се разотидат. Оние кои не ја испочитувале наредбата биле уапсени.
Споменикот, формално посветен на „Ослободителите на Советска Латвија и Рига од германските фашистички напаѓачи“ е изграден во 1985 година. Меѓутоа, откако Латвија стекна независност по распадот на СССР, властите во земјата се повеќе почнаа да го гледаат споменикот како симбол на Советското угнетување и прашањето за негово симнување постојано се поставуваше.
Со зголемувањето на антируските чувства во земјата во последните години и операцијата на Русија во Украина која започна кон крајот на февруари послужи како катализатор за конечната одлука за уривање на споменикот.
Претходно овој месец, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека одлуките на владино ниво на земји како Латвија, Литванија и Естонија за целосно уништување на советското воено меморијално наследство, како и сѐ што е поврзано со Русија, е манифестација на неонацизмот во овие држави.