Латвискиот парламент ја прогласи Русија „држава која ги поддржува тероризмот“

Парламентот на Латвија, во која живее значително руско малцинство кое не ги ужива сите граѓански права, во четвртокот ја прогласи Русија „држава која го подржува тероризмот“ и чиишто активности во Украина се „насочен геноцид врз украинскиот народ“, се наведува во изјавата објавена на неговата мрежна страница, што во Киев е дочекано со одушевување.

Од објавените податоци за гласањето се наведува дека од 67-те пратеници се изјасниле гласале „за“, додека 16 пратеници од кои 14 од партијата „Хармонија“ и двајца независни одбиле да гласаат.

Парламентот во текстот ја „прогласува Русија држава која ги поддржува тероризмот и ги повикува другите земји“ да го прифатат таквиот став и „да го изнесат“. Латвиските пратеници „насилството кое Русија го сторила над цивилите во политички цели“ ги споредува со „тероризам“. Според нив, Русија се користи со муниција „забранета во светот за да сее терор и да убива цивили“.

Се разбира, во објавата на латвискиот парламент не се споменува граѓанската војна во Украина од 2014 до 2022 година и користењето на оружја кои се забранети со некои меѓународни договори. Русија и Украина, како и САД, не се потиснички на повеќе договори со кои некои видови оружја се забранети.

„Русија се користи со патењето и заплашувањето како средство со коешто сака да го ослаби моралот на украинскиот народ и вооружените сили, како и да ја парализира работата на државата за да ја окупира Украина“, се истакнува во изјавата на латвискиот Сејм.

Парламентот во Рига ја повикува воедно Европската унија да го прекине издавањето туристички шенгенски визи за руските и белоруските граѓани. Се наведува дека „руската инвазија ја поддржува и во неа учествува и белорускиот режим“ и ја повикува меѓународната заедница да ѝ воведе на Белорусија исти санкции како и за Русија.

Шефот на латвиската дипломатија Едгар Ранкевик, во засебна изјава рече дела владата сака да го забрани издавањето дозволи за престој на ниво на закон на „новопечените државјани на Русија“, односно латвиски жители кои по скратена постапка ќе оформат руско државјанство.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеа изјави во четвртокот дека „му е благодарен на латвискиот парламент“, како и дека изјавата доаѓа „во вистински момент“.

„Русија одамна заслужи таков статус поради своето дејствување во Украина и пошироко“ оцени Кулеба повикувајќи го „другите организации и земји“ да го следат латвискиот пример.

Русија ја осуди одлуката на латвискиот парламент, а портпаролката на министерството за надворешни работи Марија Захарова во првичната куса изјава на Telegram ја оцени одлуката „ксенофобна“.

Иван Нечаев, заменик директор на оддел во руската дипломатија пред гласањето во парламентот во Рига истакна дека сите иницијативи насочени да ги забранат патувањата на Русите во ЕУ „ја демонстрираат бессилната злобна желба на украинскиот режим и русофобниот кампус во ЕУ кој го поддржува, за колективно казнување на сите затоа што се државјани на земја којашто води независна надворешна политика“, коишто на Латвија „ќе ѝ покажат каде ѝ местото.

Рускиот сенатор Сергеј Цеков, пак, се закани со „болни економски противмерки“ коишто на Латвија „ќе ѝ ги покажат нејзиното место“.