Лауреус за Бонмати и Ѓоковиќ

Шпанската фудбалерка Аитана Бонмати и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се добитници на наградите Лауреус, таканаречените спортски Оскари за најдобра спортистка или спортист во 2023 година.

Минатата година Бонмати беше избрана за најдобар играч во изборот на ФИФА, беше добитник на Златната топка, а беше прогласена и за најкорисен играч (МВП) на Светското првенство каде Шпанија ја освои шампионската титула.

Ѓоковиќ ја освои наградата Лауреус по петти пат во кариерата, откако минатата година освои три од четирите Грен слем турнири (Австралија Опен, Ролан Гарос, УС Опен) и играше во финалето на четвртиот (Вимблдон).

Наградата за тим на годината ја доби и шпанската женска фудбалска репрезентација.

Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем, беше прогласен за спортист кој направил најголем напредок, додека американската гимнастичарка Симоне Билес ја доби наградата за враќање на годината.

Спортистите за наградата Лауреус се номинирани од претставници на светските медиуми, а победниците ги избираат 69 членови на Светската спортска академија Лауреус. Наградата е основана во 2000 година.

ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА ЛАУРЕУС ЗА 2023 ГОДИНА:

Спортистка на годината: Ајтана Бонмати

Спортист на годината: Новак Ѓоковиќ

Тим на годината: Шпанска женска фудбалска репрезентација

Најголем исчекор: Џуд Белингем

Повратничка на годината: Симон Билс

Најдобра спортистка со попреченост: Диде де Грот

Спортистка на годината во акциони спортови: Ариса Трев

Награда за хуманитарна работа: Фондација Рафа Надал