Лаутаро ќе добие нов договор од Интер

Интер, синоќа одигра 1:1 против Реал Сосиедад во Сан Себастијан, во првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Спортскиот директор на Интер, Џузепе Марота синоќа кратко одговори на прашањето дали Лаутаро Мартинез ќе остане во Интер или ќе го напушти клубот во зимскиот преоден рок.

„Разговараме со Лаутаро за продолжување на договорот. Не кажа дека сака да остане со нас“, откри Марота.

Интер за Аргентинецот подготвиле договор до 2028 година.