![lavanda-u-vrtu (8)](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/lavanda-u-vrtu-8.jpg?resize=600%2C400&ssl=1)
Лавандата е растение кое е отпорно на суша и е совршена за најразлични градини и стилови, од медитерански до англиски. Лавандата секогаш нè асоцира на лето заради својот свеж мирис, но и неговото медитеранско живеалиште. Лавандата е една од најпознатите миризливи, но и најздрави растенија што се наоѓаат во нашите градини.
Придобивките од лавандата им биле познати на Грците и Римјаните кои ја користеле за освежување, дезинфекција и заздравување, а и денес се користи за истите цели. Тоа е идеално растение за почетници градинари, бидејќи е лесно за одржување. Може да се сади во саксии, совршена е и за градски ентериер, каде што честопати ни недостига простор.
Доколку садите лаванда во саксија или некој сад, тој треба да биде што е можно поголем, за коренот да има простор. Лавандата во градината не треба да се наводнува, освен кога се пресадува, додека лаванда во саксија се залева како и секое друго растение.
Лавандата подобро е да се засади во теракотен или керамички сад, со цел да се создаде подобра изолација и подобри услови за растението.
Откако ќе се засади, лавандата ќе ја украсува вашата градина со години. Ова прекрасно цвеќе цвета двапати годишно. Ццетовите треба да се исечат по секое цветање, за да цвета уште подобро.
Освен за декорацијата, лавандата може да се користи и против молци во вашиот плакар, можете да подготвите чај, како додаток во подготовка на храна…