Медиумите на Апенините откриваат дека неговиот агент имал средба со раководните луѓе на “старата дама” во Виново, во околината на Торино, и начелно е договорено тој да го засили тимот на Масимилијано Алегри. Останува да се договори уште платата на Лавеци, со оглед дека Јувентус не е подготвен да му даде иста годишна плата, каква што заработува во моментот во ПСЖ.
Лавеци не е во преден план кај тренерот на “светците”, Лорен Блан и сака да се врати во Италија, а на Јувентус секако му е потребен ваков квалитетен играч во трката за одбрана на шампионската титула во Серија А.
“Старата дама” имаше лош старт на првенството, па сега се обидува да ја надомести негативата и да ги стигне конкурентите.