Лавина погоди австриски скијачки центар, се трага по десетина скијачи

Посетуваниот ски-центарот Лех/Цир во австриската сојузна покраина Форарлберг на Божик се одвива потрага по најмалку десет лица погодени од лавина, пренесува во неделата вечерта електронското издание на весникот Kronen Zeitung.

Лавината се урнала кон долината во неделата во попладневните часови, а досега во потрагата е пронајдено едно лице кое е повредено. Локалните власти веруваат дека во големиот снежен нанос се затрупани најмалку десет лица. Потрагата продолжува во темнината под осветлување на рефлектори, но потрагата со хеликоптери е прекината со паѓањето на првата темнина.

Според полицијата, снежната маса се урнала околу 15 часот по локално време во областа Триткопф на отворените скијачки патеки, а делови од лавината стасале дури до самите скијачките патеки.

Во операцијата на пребарување и спасување вечерта се вклучени 200 спасувачи и неколку тимови со кучиња трагачи. Биле ангажирани и осум хеликоптери од Тирол кои повеќепати во текот на попладнето слетувале и полетувале на позицијата Флекспасс на 1.773 метри надморска височина.

Според службата за предупредување, во Форарлберг во неделата постои голема опасност од лавини поради ветерот и свежиот снег. Само неколку часа претходно веќе имаше лавина во тиролскиот регион Зелден. Отпрвин се стравуваше дека има затрупани под снежниот нанос, но подоцна по две иполчасовно пребарување објавено дека не е нема настрадани.