
Британка и нејзиниот 22-годишен син загинаа во лавина додека скијаа во Франција, објави во петокот BBC.
Синот и 54-годишната мајка скијале надвор од патеката во близина на границата со Швајцарија, кога во четвртокот околу 15,30 часот по локално време ги поклопила лавина.
Загинатите биле дел од група од пет лица од исто семејство, со водич кој го познавале со години, пишуваат британските медиуми. Локалните француски медиуми, пак, пишуваат дека тие не носеле уреди за лоцирање.
Лавината започнала во близина на ски-центарот Сен Жерве, на надморска височина од околу 2.300 метри и изминала околу 400 метри. Можно е да го започнала друга група скијачи на поголема надморска височина. Поради тоа, отворена е истрага за причините за лавината.
Двете жртви биел пронајдени по околу пет часа потрага во која беа вклучени 20 луѓе и два хеликоптера, изјави судскиот советник од округот Боневил, Карлин Буисе. Биле пронајдени „затрупани и починати“.
Градоначалникот на Сен Жерве, Жан-Марк Пеијез изјави за миумите дека временските услови се премногу нестабилни за такви ризични излети.
„Врнеше (дожд), снежеше, беше топло. Има доволно обележани патеки за скијање. Страшно е тоа што се случи. Семејството е десеткувано, а ние сме многу тажни во Сен Жерве“, вели градоначалникот за телевизискиот канал BFM TV
На север, 31-годишен планинар бил пронајден мртов откако паднал на падината на планинскиот венец Екринс. Планинарот со пријалте се оддалечил од пешачките патеки за да го набљудува планинските кози, извести локалната телевизија France-Bleu, цитирајќи спасувачи.