Лавината однесе уште еден живот во Италија

Дваесет и осумгодишен алпинист загинал во лавина која во неделата се случила во италијанските Доломити, на границата со Австрија.

Несреќата во Доломити Бренте се случи по онаа во саботата кога во лавина во блискиот регион Вал Сеналес загинаа три Германи, 35-годишна скијачка и нејзините две ќерки, од кои според последните инфромација имала само седум години.

Според информациите на спасувачите, алпинистот кој загинал во неделата бил дел од група од четири лица кои останале заробени под снегот, во близина на планинарскиот дом Тукет, искачувајчќи се н пред почетокот на скијачки спуст. Жртвата била по потекло од Тренто, на север на Италија.

Во лавината е повреден уште еден алпинист од истата група, кој е префрлен во болница поради хипотермија. Другите двајца биле неповредени.