ОВЕН
Потрудете се да прифатите дека не можете да влијаете на се што се случува на работното поле. Можно е да ве оптоваруваат разговори со партнерот кој од вас бара одговори кои ги немате. Хроничен умор.
БИК
Немојте да ризикувате премногу на работа денеска. Не ви е поволен ден за било какви патувања. Можно е саканата личност да ви покажува некоја дозна на отпор кон вашите идеи. Чувствителен кардиоваскуларен систем.
БЛИЗНАЦИ
Не е поволен ден за големи промени на полето работа, ниту за нови вложувања, па подобро покажете малку трпение. Ако сте во брак, ве очекува кризен период во кој ќе го почувствувате оддалечувањето од партнерот. Проблеми со стомакот.
РАК
Избегнувајте претерување во било која смисла денеска. Потрудете се да бидете умерени во се. Вашето импулсивно однесување и раздразнетост ве носи до големи проблеми со саканата личност. Проблеми со дишните патишта.
ЛАВ
Финансиите не ви се стабилни и ви доаѓаат некои трошоци кои би можеле да ве оптоварат. Не сте сигурни во своите чувства, но партнерот од вас бара да се обврзете кон него. Можеби ќе дојде до прекин. Водете сметка околу штитната жлезда.
ДЕВИЦА
Потрудете се да бидете трпеливи кога е во прашање вашата работа. Одредени проекти бавно ќе ви се реализираат. Делувате незаинтересирано кон личноста која ви се додворува, а вие всушност сте несигурни во себе. Можна главоболка.
ВАГА
Загрижени сте поради развојот на ситуацијата на работа. Можно е да имате впечаток дека доста работи одат против ас. Можно е да сте љубоморни и немате доверба кон партнерот, кому вашиот однос му пречи. Депресија.
ШКОРПИЈА
Денеска некои конфликти на работа можат дополнително да се засилат. Потрудете се да бидете малку подипломатски расположени. Сакате да ви се случи нова љубов, и подготовени сте да го отворите своето срце за нови познанства. Проблеми со циркулација.
СТРЕЛЕЦ
Потрудете се денеска да бидете доволно тактични и да не реагирате импулсивно на работа. Можно е да немате повеќе исти чувства кон партнерот. Во следниот период може да дојде до прекин на врската. Вкочанетост.
ЈАРЕЦ
Потрудете се да го направите она што можете, за ситуацијата да ви се поправи. Многу работи, сепак, зависат од вас. Ви се допаѓа личност која делува како да балансира и да не е сигурна во своите чувства. Проблеми со холестеролот.
ВОДОЛИЈА
Потрудете се да бидете повеќе посветени на вашата работа. Во следниот период би можеле да бидете мрзеливи. Ве очекува статичен период на ова поле, засега нема големи промени и поради тоа не сте задоволни. Вкочанетост ве мачи.
РИБИ
Ве очекува ден кој на ова поле може да донесе некои ситни проблеми и пречки. Очекувајте нова љубовна средба со личноста која веќе оставила добар впечаток на вас. Проблеми со црниот дроб и жолчката.