Западните колеги наместо терминот „меѓународно право“ почнаа да бараат од сите да го почитуваат „светскиот поредок заснован на правила“ и да се придржуваат кон нив. Овие „правила“ никој никому не ги презентира, бидејќи тие не постојат. За секој конкретен случај, тие се креираат одново, кажа министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, за време на средба со студенти и професори на универзитетот МГИМО, Москва
„Едно од „правилата“ што Западот сака да ги спроведе е задржувањето на секој конкурент. Сега е Русија, но следна е прогласена Кина.
За да може Украина да биде ефикасен инструмент за здржување, таа мораше да стане „анти-Русија“. Таму се поттикнуваше неонацизмот, беа донесени закони за „декомунизација“, за „славење на победниците во Втората светска војна“, каде што беа вклучени Шухевич, Бандера и сите други колаборационисти. „Цивилизираниот“ Запад немо го набљудуваше тоа, па дури и активно го поттикнуваше.
Не е повеќе Украина таа што се користи за кршење, понижување и уништување на сѐ што е руско. Целиот свет веќе ја доби командата „ајде“. Дури и „просветлениот“ Запад. Те „напаѓаат“ едноставно затоа што имаш руски пасош. Не зборувам за тоа што се случува со спортот, со нашите параолимписки спортисти – ова е потсмев, пресуда за западната цивилизација.
Ако си русофоб, сѐ можеш и сѐ е дозволено. Во изминатите осум години, овој принцип се докажуваше секојдневно во однос на она што го правеа украинските власти.
Украинската страна, иако изрази разбирање за работите што треба да се договорат во текот на преговорите, постојано го менува ставот, одбивајќи ги токму своите предлози. Тешко е да се ослободат од впечатокот дека нивните американски колеги ги „држат за рака“. Ако ги читате нашите и западните политиколози, тогаш Американците тргнуваат од тоа дека не е во нивниот интерес тој процес да се заврши брзо.
Обидот да нѐ прикажат како изолирани се дејствија со несоодветни средства. Имаме многу пријатели. Пресметајте колку земји најавија санкции и колку се откажаа од нив, и покрај колосален, дури би рекол „непристоен“ за голема сила притисок што САД го вршат насекаде“.