Лавров: Со барањето за заминување на Асад се обидуваат да ги избегнат преговорите

Лавров додаде дека не постигнувањето напредок пред следните разговори се должи на тоа што, некои земји се обидуваат да „ги избегнат неопходните активности и самите разговори“.

Цела низа наши партнери и понатаму се обидуваат да ги избегнат конкретните активности, разговори и да ги ограничат парашањата, со некои апстрактни барања за неопходното заминување на претседателот Асад, предупреди Лавров и рече дека тоа е пристап кој ги оттргнува од работата што носи резултати.

АФП потсетува дека Вашингтон минатата недела ја предупреди Москва дека се против користењето на авијацијата за да се потпомогне отпорот на режимот на Асад кон политичката транзиција во Сирија.