Зголемената застапеност на земјите од западот во Советот за безбедност на Обединети нации нема да донесе никаква дополнителна вредност, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Клучниот недостаток на СБ е недоволната застапеност на земјите во развој. Единствено со поголема застапеност на земјите од Азија, од Јужна Америка и од Африка би можел да се реши тој проблемот, изјави Лавров.
Тој додаде дека во било која конфигурација на Советот за безбедност, западните земји се застапени со барем една третина, дури некогаш и повеќе.
Лавров истакна дека во текот на самитот Г-20, што се однесува на економските проблеми, земјите во развој се фокусираат на политичките проблеми што и на некој начин го надополнува недостатокот од реформи во СБ, но тоа не значи дека тие реформи не би требало да се спроведат.