Претстојната годишнина од победата на Русија во Втората светска војна, или како што официјално се нарекува Големата татковинска војна, нема да влијае врз воените операции во Украина, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за италијанската телевизија во неделата и додаде дека не е планирано вештачко поставување рок за крај на специјалнта воена операција на 9-ти мај.
Последните седмици, во прв ред британските медиуми кои ја водат пропагандната војна масивно користена во руско-украинскиот конфликт, пишуваа дека наводно рускиот претседател Владимир Путин ќе прогласи крај на борбените дејствија на 9-ти мај, имајќи предвид дека речиси целиот југоисточен регион Донбас е поврзан со копнени коридор со црноморскиот полуостров Крим под контрола на руските и единиците на проруските сепаратисти од Украина.
Но сега шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров директно ги негираше таквите шпекулации и порача дека воените операции нема да бидат прилагодувани на ниеден датум, пренесува Интерфакс.
„Нашата војска нема вештачки да го прилагодува своето дејствување на кој и да е датум, вклучително и Денот на победата“, изјави Лавров одговарајќи на прашањето дали годишнината на 9-ти мај ќе претставува пресвртна точка во судирот.
Лавров додава дека „темпото на операцијата во Украина зависи во прв ред од потребата да се минимизираат сите ризици за цивилното население и за припадниците на руските сили“. Вели и дека е свесен дека во некогашниот СССР постоеше традиција пред праниците да се напави нешто големо.
„Ние своето дејствување во Украина го концентрираме исклучиво на задачите коишто ги споменав. Ги најави претседателот Владимир Путина. Тоа е заштитата и осигурувањето безбедност за цивилното население“, вели Лавров додавајќи дека целта на активностите е да се оневозможи каква и да е закана за Русија.
„Победата свечено ќе ја одбележиме, но времето и брзината на развојот на настаните во Украина ќе зависат од ризикот за цивилите и руските војници“, дадава Лавров на руски јазик преку преведувачот на италијански.
Шефот на дипломатијата вечи и дека Русија не бара од украинскиот претседател Владимир Зеленски да се предаде, туку од него бара да им нареди на украинските „неонацистички баталјони“ кои се во опкружување на руските сили да се предадат.
„Зеленски може да донесе мир доколку престане да им издава криминални наредби на неонацистичките баталјони, и ако ги принуди да го ослобдат цивилите кои ги држат во заложништво и да престанат со отпорот“, вели Лавров.
Повтори и дека Москва уште од почетокот на својата офанзива на 24-ти февраури порача дека нејзината цел не е промена на власта во Киев.
„Нашата цел не ја вклучува промената на режимот впо Украина. Тоа е американска специјалност, тоа тие го прават ширум светот“, вели Лавров и додава дека целта на Русија е обезбеди мир за луѓето на истокот на Украина и да ги заштити од „нацификацијата“ на соседната земја.