Одлуката на неколку земји од НАТО да не овозможат прелет во нивните воздушни простори на авионот со кој Сергеј Лавров требаше да допатува во дводневна посета на Србија, самиот руски министер за надворешни работи го нарече потег без преседан и го критикуваше Западот дека оневозможува на суверена земја да ги избора своите меѓународни партнери.
Бугарија, Македонија и Црна Гора, во опкружувањето на Србија, го затворија својот воздушен простор за службениот авион со кој шефот на руската дипломатија требаше да допатува во Белград. Лавров поради тоа одржа онлјан прес-конференција во Москва велејќи дека одлуката на трите земји на НАТО е незамислива во дипломатијата.
„Имаше многу прашања од медиумите синоќа и утрово за нашата реакција на одлуките без преседан што ги донесоа некои членки на НАТО и ја спречија посетата на рускиот министер за надворешни работи на Србија. Се случи, се разбира, незамисливото и го разбирам интересот што го покажувате за нашата оцена за овие нечуени постапки“, рече Лавров.
Алудирајќи на Србија, додаде дека станува збор за една циничен став на Западот да ѝ ја ускрати можноста на суверена земја да ги избора своите меѓународни партнери, како што НАТО го истакнува во однос на руското противење на влез во воениот сојуз на соседните Украина и Грузија велејќи дека тоа е нивно суверено право, порачувајќи дека „никој нема да успее да ги уништи односите“ меѓу Москва и Белград.
„Сега овој принцип (на слобода на изборот), кој Западот го постави во преден план, го погази самиот Запад. Србија, очигледно од гледна точка на Западот, не треба да има избор, слобода на избор“, додаде Лавров и истакна дека таквата позиција е „цинична, но веќе не изненадува“.
„Генерално, една суверена земја е лишена од правот да води надворешна политика. Меѓународните активности на Србија се блокиран, барем засега во насока на Русија“, рече Лавров.
Забраната за прелетот, додаде шефот на руската дипломатија, јасно покажува дека Европската унија ги активира „најниските начини на дејствување кон водствата на оние држави кои не саката да го задушат своето достоинство и интереси, а сето тоа е во спротивност со меѓународното право“.
„Очигледно бриселските водачи не сакаа да ни ја овозможат платформата за разговори во Белград, каде би ја потврдиле руската позиција во поглед на Косово и Метохија и на Босна и Херцеговина, како и поддршка за иницијативата на Белград за ‘Отворен Балкан’“, рече Лавров за проектот кој инаку од самиот почеток го поддржуваат и САД, и истакна дека сега тоа е „затворен Балкан“.
Порача дека Русија сега нема да оди „од околу“, но повтори дека „ова е уште една многу јасна и поучна демонстрација за тоа до каде можат да одат НАТО и ЕУ со користење на најниските методи за влијание врз оние кои се воден и од националните интереси принципи и не се подготвени да ги жртвуваат своите принципи, своето достоинство во полза на правата што ги наметнува Западот наместо меѓународното право“.