Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, одговарајќи на прашање за потенцијалната испорака на американско оружје со долг дострел во Украина со кои може да се гаѓаат цели и градови длабоко на руската територија, во средата ги предупреди САД да не се шегуваат со руските „црвени линии“.
Лавров смета дека САД го губат од вид рамнотежата на меѓусебното одвраќање што е основа на безбедносниот аранжман меѓу Москва и Вашингтон уште од Студената војна.
Го коментираше извештајот на Reuters дека САД се блиску до договор да испратат крстосувачки наведувани ракети JASSM (Joint Air-to-Surface Standoff Missile) во Украина. Тоа оружје може да се користи за цели длабоко во Русија, нешто за што украинскиот претседател Володимир Зеленски долго лобира.
„Ништо не би ме изненадило, Американците веќе ги поминаа границите што самите ги поставија. Но, тие мора да разберат – се потсмеваат на нашите црвени линии и не треба да го прават тоа“, рече Лавров.
Лавров, пак, рече дека Вашингтон добро ги знае црвените линии на Москва, но дека е погрешно да се верува дека последиците од каква и да е ескалација на војната во Украина ќе ги почувствува само Европа.
„Тие имаат генетско верување дека никој нема да ги допре“, изјави шефот на руската дипломатија.
Со ова тој мислеше на изјавата на советникот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби, кој во јуни рече дека американскиот претседател Џо Бајден повторува дека САД не сакаат трета светска војна. Ова е втор пат за само една недела Лавров да ги предупреди САД дека Третата светска војна нема да биде ограничена само на Европа.
Рускиот претседател Владимир Путин постојано ги предупреди западните земји да не ја провоцираат Русија, земјата со најголемиот нуклеарен арсенал во светот. Но, и покрај ова, Западот испраќа сè повеќе оружје во Киев, вклучувајќи тенкови, напредни ракети и борбени авиони.
Некои западни политичари сугерираа дека нуклеарната реторика на Путин е блеф и дека САД и НАТО треба да направат сѐ за да ѝ помогнат на Украина да победи во војната. Објективно тоа е многу тешко остварливо, а покрај тоа на Запад не дефинираат преццизно што би значело пораз на Рисија.
Зеленски рече дека упадот на Украина во рускиот регион Курск ја покажува залудноста на црвените линии на Путин. Меѓутоа, Украина по оваа операција започната 6-ти август на руска територија загуби речиси 9.000 елитни борци меѓу кои и странски платеници, како и стотици западни борбени возила, вклучително и тенкови.
Истовремено, руските единици забрзано напредуваат во источна Украина, а ракетните сили на руската армија изведуваат масивни удари врз воени цели и критична инфратруктура врз украинските градови кои досега беа релативно поштедени од борбените дејства.