Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, го повика Дамаск да не потклекнува на провокации околу одржувањето на меѓународната конференција за Сирија, пренесе „ИТАР-ТАСС“.
„Во моментов околу одржувањето на ‘Женева-2’ се подготвуваат различни маневри, обиди да се создадат вештачки пречки, за да се отежни работата на конференцијата. Во оваа подготвителна фаза од исклучителна важност е размената на мислења“,рекол министерот.