Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој во неделата со посетата на Египет ја започна својата африканска турнеја, ги увери египетските домаќини во договорот за безбедните рути за извоз на украинските и руските житарки со кој треба да се отстрани можноста за прехранбена несогурност во Африка.
„Ја потврдивме предаденоста на руските извозници на житарки на почитувањето на сите преземени обврски. И претседателот Владимир Путин го истакна тоа во неодамнешниот разговор со египетскиот претседател (Абдел Фатах) ал-Сиси“, изјави Лавров на прес-конференцијата по разговорите со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Договорот кој во петокот во Истанбул го потпишаа Русија и Украина под покровителство на Турција и Обединетите нации предвидува воспоставување безбедни коридори за пловидба на трговски бродови во Црното Море, со обврски дека во таквите коридори нема да се одвиваат борбени дејствија. Договорот ќе овозможи извоз наводно 20 до 25 милиони житарки блокирани во украинските црноморски пристаништа и ќе го олесни извозот на руските земјоделски производи и покрај западните антируски санкции, што ќе овозможи да се намали опасноста од глобална прехранбена криза, во прв ред во Африка.
Русија доби гаранции дека западните санкции нема ниту директно, ниту индиректно ќе се применуваат на осигурувањето на бродовите и транспортите, како и финансиските трансакции за извозот на нејзините прехранбени производи и вештачки ѓубрива.
„Генералниот секретар (на ОН, Антонио Гутереш) ја презема врз себе должноста да ги укине таквите незаконски ограничувања кои САД и Европската унија ги воведоа против руските логистички и финансиски мрежи“, повтори Лавров во неделата во Каиро, пред следната седмица да ја продолжи својата африканска турнеја во Етиопија, Уганда и Конго.
Воедно Лавров истакна дека Москва и Каиро се „двострано задоволни“ со своите односи и врски и притоа го истакна градењето на првата нуклеарна централа во Египет кое е во тек а ѝ е доверена на Русија.