Лавров и Бербок со различни ставови за Северен тек 2

Политизирањето на руско-германскиот гасовод Северен тек 2 е контрапродуктивно, порача во вторникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средбата со неговата германска колешка Аналена Бербок, позната по радикалните неолиберални ставови и која е упорна „во одбраната на темелните вредности“ дури и доколку Германија за тоа мора да плати висока економска цена доколкуи се слули наводната руска инвазија врз Украина,.

„Им укажавме на германските колеги на контрапродуктивноста од обидите да се политизира овој проек“, изјави Лавров на заедничката прес-конференција со Бербок во Москва.

Русија ги отфрла западните тврдења дека постои каков и да е плани за инвезија врз Украина, и предупредива на трупањето војски и оружје на линијата на раздвојување со самопрогласените доминатно руски републики на украинскиот југозапад, како и на провокациите. Москва исто така, стравува дека Киев се подготвува за воено решени на внатрешниот конфликт што би резултирало со масовни убиства.

Меѓутоа, Бербок изјави дека е „тешко да не се оцени руското трупање војски на границата како закана“

„Герамнија е подготвена да ги брани темелните вредности во судиор со Русија околу Украина. Немаме други опции, дури и доколку тоа значи да се плати висока економска цена“, рече Бербок.

Западните сојузници го зголемуваат притисокот врз Германија да го искористи гасоводот Северен тек 2 како оружје против Русија поради нејзините ставови околу Украина, сега наведувајќи ја наводната инвазија,

Преку овој гасовод ќе се удвои количеството на природниот гас кој ќе потече кон западна Европа. САД и Украина се противат, и тврдат дека Северен тек 2 ќе ја направи Европа уште позависна од Русија. Берлин и претходно возвраќаше дека Вашингтон сака да го пласира својот гас од шкрилци како течен природен гас (LNG) во Европа, а поради тоа што Украина ќе загуби милијарди евра од транзитот на рускиот гас, со договорот меѓу американскиот претседател Џо Бајден и поранешната германска канцеларка Ангела Меркел формираше посебен фонд за помош на Киев.

Бербок претходно во понеделникот во текот на посетата на Украина реше дека гасоводот, кој е целосно завршен и наполнет и го очекува одобрувањето од германскиот регулатор кој бара компанијата опетарот „Nord Stream 2“ од Швајцарија своето седуште да го префрли во Германија, е на чеклање и дека наводно не е во согласност со европската регулатива за енергетиката. Меѓутоа, шефицата на германската дипломатија не објасни во што се состои таа наводна неусогласеност.

Бербок во Москва рече и дека разговарала со Лавров за повторното покренивање на ткн Нормандиски формат, во рамките на кои Германија, Франција, Русија и Украина преговараат за мирно решени е на војната во Добнас.

Лавров ѝ возврати дека Русија би го поздарвила американското учество во дипломатските напори за ставање крај на судирот во источна Украина. Шефот на руската дипломатија повтори дека Украина „ја саботира имплементацијата на договорот за ставање крај на конфликтот“ меѓу силите лојални на Киев и сепаратистите од рускојазичните региони.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави во вторникот дека не е реална можноста од руска инвазија врз Украина, и дека тој треба да разговара за кризата со рускиот претседатело Владимир Путин.

„Не гледам руска инвазија на Украина како реалистичен пристап, бидејќи Украина не е обична земја. Украина е силна земја“, изјави Ердоган чијашто земја на Киев му продаде борбени беспилотни летала.

САД предупредија дека ќе одговори со „невидени санкции“ во случај на руски напад врз Украина и ги повика двете земји да се вратат на Договорот од Минск со кој беше воспоставено примирје.

Британското министерство за одбрана во вторникот потврди дека на Украина ќе продолжи да ѝ испорачува оружје, овојпат противоклопни системи, и за тоа ќе испрати свои воени инструктори. Канада, пак, најави дека во Украина ќе распореди контигент свои специјалци.