Лавров и Ји ја истакнаа блискоста во позициите кон активностите на САД

Шефовите на дипломатиите на Русија и на Кина, Сергеј Лавров и Ванг Ји во текот на првичните разговори во Москва во понеделникот ја констатираа блискоста на позициите на двете земји во однос на активностите на САД на меѓународната политичка сцена кои ги карактеризираа како антируски и антикинески, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„Констарирана беше блискоста на позициите на двете земји во однос на активнстите на САД на меѓународната сцена, вклучително и оние со антируски и антикинески карактер“, се наведува во соопштението на руската дипломатија.

Разговорите во Москва минале во „доврлив и конструктивен тон свјствен за руско-кинескиот дијалог“ се истакнува во објавата.

Од своја страна, Ванг Ји изјави за медиумите дека активнос се развива соработката меѓу Пекинг и Москва под водство на претседателите Кси Џинпинг односно Владимир Путин.

„Под стратешкото водство на челниците на двете дражави односите меѓу Кина и Русија продолжуваат да ја одржуваат позитивната развојна динамика“, изјави Ванг Ји, кој е шеф на канцеларијата на Комисијата за надворешни работи на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина односно министер за надворешни работи, на почетокот од разговорите со својот руски колега Сергеј Лавров.

Сеопфатната стратешка соработка и заемно корисната соработка во различни сфери постојано се продлабочуваат, а контактите меѓу двете земји се интензивираат, додаде Ји.

Шефот на кинеската дипломатија престојува во нова официјална посета на Русија од 18-ти до 21-ви септември. Притоа, Ванг Ји ќе учествува на 18-та сесија од Руско-кинеските консултации за стратешката безбедност.