Либералнодемократската партија на Русија предложи на претседателот и на министерот за надворешни работи на земјата да им биде доделена титулата „Херој на Русија“, пренесе РИА Новости.
Овој предлог ќе биде упатен од пратениците кон комисијата за државни награди во земјата.
„Основа за обраќањето е признавањето на колосалната улога која ја одиграа претседателот на земјата и министерот за надворешни работи, за реализацијата на историското решение за соединување на сите руски земји“, истакнале од прес-службата на партијата.