Лавров инсистира на детална истрага на нападот на хуманитарниот конвој

Лавров, на седницата на Советот за безбедност на ОН, посветена на Сирија, истакна дека прекинот на огнот, кој беше усогласен на 9 септември со САД, може да функционира само ако постои сеопфатен пристап и истовремени чекори кои ќе ги преземат сите страни во судирите.

– Во спротивно, ништо нема да се случи, истакна Лавров.

Претходно генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун нагласи дека прекинот на огнот во Сирија може да „оживее“, јави Танјуг.