Лавров: Испораките на оружја со долг дострел на Киев ја шират географијата на операциите во Украина

Доколку Украина продолжи и натаму да добива ракетни и артилериски системи со долг дострел од Западот, тогаш географските задачи на она што Москва го нарекува „превентивна предизвикан специјална воена операција“ на руските трупи во соседната земја ќе бидат променети, предупреди во средата рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Претседателот (на Русија, Владимир Путин) многу јасно кажа… дека денацизацијата, демилитаризацијата во смисла да нема никакви закани за нашата безбедност, воените закани од територијата на Украина остануваат цели на оваа задача“, рече Лавров во интервјуто со Маргарита Симонјан, главен и одговорен уредник на телевизискиот канал RT и на медиумската групација Россия сегодня.

Притоа шефот на руската дипломатија потсети дека во текот на средбата на преговарачките тимови на Москва и Киев во Истанбул на крајот од март, ситуацијата во врска со тоа прашање била „значително различна“.

„Во моментов географијата е поинаква. Далеку е од тоа дека само (самопрогласените Народни републики) Доњецк и Луганск, тука се и Херсонската област, регионот Запорожје и бројни други територии, и тој процес продолжува, и ќе продолжи постојано и упорно“, додаде шефот на руската дипломатија алудирајќи на доминантно руските и рускојазични региони на југоистокот на Украина кои сега се под контрола на проруските сепаратистички сили и руските трупи.

Лавров истакна дека како што Западот, во напливот на „импотентниот бес“ или „жалбата што е можно повеќе да ја влоши ситуацијата“, сѐ повеќе трупа оружја со долг дострел во Украина, на пример системите HIMARS, „географските цели на специјалната операција“ ќе се придвижуваат дури подалеку од сегашната линија.

Претходно во средата американскиот министер за одбрана Лојд Остин најави дека САД ќе ѝ испратат на Украина уште четири мобилни повеќекратни ракетни систем HIMARS, што е последен во низата пакети воена помош која треба да ја подобри борбената способност на Киев во војната против Русија, од кои украинската војска ги напаѓа руските складишта со муниција но и цивилните населби во проруските југоисточни региони под контрола на проруските сепаратистички и руски трупи.

„Затоа што не може да дозволиме делот од Украина кој го контролира Зеленски или кои и да е друг да го замени, да поседува оружје коешто ќе претставува директна закана за нашата територија и територијата на републиките кои ја прогласија својата независност кои својата иднина ја определуваат самостојно“, заклучи Лавров.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу претходно седмицава посетувајќи го фронтот во Украина им порача на генералите дека приоритет треба да им биде уништувањето на американските ракетни и артилериски системи со долг дострел. Истовремено шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека е јасно дека со таквите системи во Украина командуваат инструктори и команданти од земјите членки на НАТО, со разузнавачка и сателитска логистика на САД.