Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, државниот секретар на САД, Џон Кери и специјалниот претставник на Обединетите Нации и Арапската лига за Сирија, Лахдар Брахими, ќе разговараат за подготовките за одржувањето на меѓународната конференција за Сирија, „Женева-2“. Потоа Лавров ќе одржи преговори и со францускиот колега Лоран Фабијос, пренесе „РИА Новости“.
„Женева-2“ ќе започне на 22 јануари во швајцарскиот град Монтре, каде ќе пристигнат министрите за надворешни работи на Русија, САД, делегации на Кина, Франција, Велика Британија и уште околу 30 држави, а исто така и претставници на ОН, Арапската лига, Европската унија и Организацијата за исламска соработка.