Курдското прашање во Сирија не смее да ги влоши тензиите во регионот, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Тој во интервју за телевизијата „Русија 24“ рече дека Курдите живеат во Иран, Ирак и Турција и дека никој не сака тој регион да експлодира поради тензиите околу курдскиот проблем, како и дека никој не сака Курдите да се чувствуваат како граѓани од втор ред.
– Ова е многу пошироко прашање отколку само во рамки на сириската криза, рече Лавров.