Русија има информации за воените планови на САД и другите земји кои се против неа, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Нашето поседување информации за плановите на САД и другите земји на Западот против Русија е гарантирано, истакна Лавров во обраќањето пред учесниците на рускиот Образовен младински форум „Тера Сциенција”.
Министерот истакна дека Русија го задржува глобалното воено присуство за поддршка на своите капацитети за одбрана, пренесува ТАСС.
Без оглед што се случува во светот, безбедноста на нашата држава, граѓаните и сувереноста ќе бидат заштитени. Рускиот претседател Владимир Путин тоа повеќе пати го рече и јас ве уверувам дека тоа се темели на вистински промени што се случуваат во нашата земја и армија, рече Лавров.