Лавров наскоро ќе предложи термин за повикот на Блинкен

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров наскоро ќе му предложи на својот американски колега по должност Ентони Блинкен термин за телефонскиот повик за размена на осуденици кој го најави Вашингтон, беше кажано во петокот во текот на посетата на Лавров на Узбекистан каде истакна дека Москва ја поддржува политиката на „една Кина“ алудирајќи ја ситуацијата околу Тајван.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен најави во средата дека планира наскоро да разговара со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, првпат по почетокот на војната во Украина кон крајот на февруари, и спомена дека САД ѝ „дале значајна понуда“ на Русија за ослободување на двајца Американци.

САД се подготвени да го разменат рускиот претприемач Виктор Бут уапсен на Тајланд во 200 -ма и осуден во Њујорк во 2012-та на 25 години затвор за тргување со оружје наводно „планирање заговор за убиство на Американци и материјална поддршка на тероризам“. Бут би требало да биде разменет за кошаркарката Бритни Грајнер којашто ја очекува десетгодишна затворска казна откако кон средината на февруари годинава при пристигнување на аеродромот во Москва во нејзиниот рачен багаж е откриена дрога. Таа игра во професионалната лига во Русија додека во САД сѐ уште не почнала сезоната. Вториот разменет Американец би требало да биде поранешниот маринец Пол Вилан кој беше уапсен во 2018 година за шпионажа и осуден на 16 години затвор во ткн работна колонија, откако таа година допатувал во Москва поради свадба на пријател..

Лавров на прес-конференцијата во узбекистанската престолнина Ташкент на новинарите им рече дека разговорите за размена на затвореници се одвиваат од самитот во Женева минатата година кога претседателите Владимир Путин и Џо Бајден се договорија да одредат функционери кои ќе се занимаваат со тоа прашање.

„Моето министерство не е вклучено во тоа, во секој случај ќе слушнам што Блинкен има да каже. Следните неколку дена на американските колеги ќе им понудиме датум за телефонскиот повик“, рече Лавров и додаде дека разговорот ќе биде договорен откако ќе се врати во Москва.

Лавров во Ташкент, исто така, го повтори доследниот став на Русија кон политиката на „една Кина“.

Ден претходно американскиот претседател Џо Бајден на кинескиот претседател Кси Џинпинг му кажа дека американската политика кога станува збор за Тајван не се променила и дека Вашингтон „силно се противи на едностраните настојувања да се промени статус-квото или да се поткопаат мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец“.

Според политиката „една Кина“, САД немаа официјални дипломатски односи со Тајван, но според американските закони Вашингтон е должен на островот да му обезбеди „средства за самоодбрана“.

Пекинг, по најавата на можната посета на Тајван на претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси и спаѓа во сукцесиската линија на претседателството, му порача на Бајден да „не се игра со оган“.

„Нашиот став за една Кина останува непроменет. Нам не ни претставува проблем да го почитуваме начелото на кинеската сувереност“, рече Лавров.