Лавров: НАТО е всушност во војна со Русија

Испораките на оружје на Украина од западните земји значи дека НАТО е всушност вкличен во војна со Русија, а Москва тоа оружје го смета за легитимна цел, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервјуто емитувано во понеделникот вечерта.

„Тоа оружје ќе биде легитимна цел на руското воено десјтвување во контекстот на специјалната операција“, вели Лавров во разговорот за руската национална телевизија објавено на мрежаната страница на министерството за надворешни работи.

„Складиштата (за оружје) во западна Украина (руските сили) повеќепати беа гаѓани. Што друго? НАТО, всушност, е ангажиран во војна со Русија преку посредник и го вооружува тој посредник. Војната е војна“, рече Лавров.

Шефот на руската дипломатија истовремено предупреди дека некои на западот ги потценуваат значителните ризици од избувнување трета светска, па и нуклеарна војна.

Запрашан за важноста од избегнување Трета светска војна и дали сегашната ситуација може да се спореди со Кубанската ракетна криза од 1962 година, Лавров оцени дека „Рузите сега се позначителни“.

„Русија настојува да ја отстрани заканата од нуклеарна војна и покрај големите ризици во овој момент. Не сакам тие ризици вештачки да се зголемуваат. Многумина би сакале“, изјави Лавров во итнервјуто за руската телевизија.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека смета оти „руското ширење на страв е знак на слабост“.

„Русија ја загуби последната надеж дека ќе го одврати светот од поддршката за Украина. Тоа значи дека Москва го претчувствува поразот“, напиша Кулеба на Twitter по емитувањето на интервјуто на Лавров.

Во текот на посетата на Киев во неделата американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин ветија дополнително зголемување на воената помош на САД за украина.

Стејт департментот во понеделникот, повикувајќи се на овластувањата во вонредна состојба, одобри потенцијално продажба на на муниција во вредност од 165 милиони долари на Украина. Од Пентагон објавија дека пакетот би можел да вклучува артилериска миниција за хаубици, тенкови и фрлачи на гранати.

Руската амбасада во Вашингтон им порача на САД да ги запрат испораките на оружје за Украина, предупредувајќи дека западното оружје само го разгорува судирот.