Залудни се обидите на западните земји да ја изолираат Русија, тоа е очигледно, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на настан по повод Денот на дипломатскиот работник.
– Западните земји повторно се обидуваат да не изолираат, да не „откажат“. Бесмисленоста на овие обиди му е јасна на секој повеќе или помалку нормален набљудувач, специјалист, на секој кој барем малку го следи развојот на ситуацијата, историјата на процесите што сега избувнаа околу Украина поради хибридната војна што Западот ја распореди против нас, рече шефот на руската дипломатија.
Лавров потсети дека рускиот претседател Владимир Путин повторно зборувал за ова во многу детали во неговото интервју со американскиот новинар Такер Карлсон.
Меѓувреме објавени податоците за тоа колкаво количество руски гас влегол во земјите од Европската унија во текот на 2023 година.
Портпаролот на Европската комисија за енергетика, Тим Мекфи соопшти дека ЕУ минатата година увезла само 42,9 милијарди кубни метри гас од Русија.
Тој рече дека спореденосо 2021 година увозот на руски гас бележи намалување за повеќе од две третини. Пред две години ЕУ увезла 150 милијарди кубни метри руски гас.
Од почетокот на руската специјална операција во Украина во февруари 2022 година, ЕУ воведе низа мерки насочени кон намалување на потрошувачката на гас и ограничување на употребата на руските енергетски ресурси во блокот, вклучително и ограничување на цената на гасот, но избегна целосно блокирање на испораката на руски гас во Европа.