Лавров: Основачот на Телеграм беше премногу слободен

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека основачот на Телеграм, Павел Дуров беше премногу слободен во пристапот кон водење на социјалната мрежа и тоа го чинеше.

– Павел Дуров беше премногу слободен. Не ги слушаше советите од Запад за модерирање на своите замисли, посочи Лавров.

Тој додаде дека истрагата против Дуров е дел од пошироката политичка игра на Западот против Русија.

Француските обвинители го ослободија Дуров од притвор откако тој беше испрашуван четири дена поради наводите дека апликацијата за пораки била користена за нелегални активности како што се споделување фотографии од сексуална злоупотреба на деца, трговија со дрога и измама.

Адвокатот на Дуров истакна дека е апсурдно да се сугерира дека тој треба да биде одговорен за какви било злосторства извршени на апликацијата, која има речиси една милијарда корисници и е многу популарна во Русија, Украина и другите земји од поранешниот Советски Сојуз.