Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди во петокот дека Москва поседува информаци дека платеници од поранешната српска јужна покраина Косово, од Албанија и од Босна и Херцеговина се испратени на линијата на раздвојување во источната украинска област Донбас со претежно руско и рускојазично население кое е во конфронтација со властите во Киев по превратот од 2014 година.
„Русија внимателни ги проверува информациите кои сугерират дека се регрутираат платеници за воени дејствија во регионот на донбас од самопрогласеното Косово, Албанија и од Босна“, изјави Лавров на прес-конференција.
„Германскиот канцелар Олаф Шолц и сите други лидери во НАТО велат дека Алијансата е дефанзивна. Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференцијата по разговорите со Шолц потсети на бомбардирањето во 1999 година (на НАТО врз тогашна СР Југославија). Шолц рече дека НАТО интервенирал за да го спречи генцидот над косовските Албанци, дека сѐ било направено успешно и дека сега овој регион цути“, додаде шефот на руската дипломатија.
Лавров во продолжение констатираше дека регионот всушност е далеку од процут и развивање.
„Лажната држава Косово и некои други делови од западен Балкан стануваат легло на криминалот. Има терористи, дилери на дроги. Тоа е регрутирање на платеници кои учествуваат во судирите кои постепено се разгоруваат“ ширум светот, додаде Лавров.
Претходо во февраури разузнавачките податоци од Донбас, покажале значително присуство на британски и полски платеници коишто дејстуваат на самата линија на фронтот во усточна Украина, потсетува агенцијата Танјуг.