Лавров порача дека Русија сака украинскиот народ да биде независен

Русија сака украинскиот народ да биде независен и да има можност слободно да ја крои својата судбина, порача во петкот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, откако од Киев дојдоа повторни пораки дека се подготвени за преговори со Москва за крај на судирот и за статусот на Украина.

Украина е подготвена за преговори со Русија за својот вонблоковски и неутрален статус, јавуваат пренесуваат во петокот руски и украински медиуми, а истовремено украинскиот претседател Владимир Зеленски повторно ја повика Русија на започнување преговири за прекин на воената операција во обраќањето рано претпладнето емитуван на телевизијата Украина-24 и распространет на социјалните мрежи.

„(Украина) Треба да добие безбедносни гаранции“, се вели во соопштението на советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Михаил Подолјак, пренесуваат руските медиуми повикувајќе се на Telegram каналот на украинската новинска агенција УНИАН.

Украина сака мир и подготвена да разговара со Русија околу неутралниот статус во врска со НАТО, потврди во петокот за Reuters, советникот на украинскиот претседател Михаил Подолјак.

„Доколку е можно, би требало да одржаме разговори. Не се плашиме од тоа ниту доколку Москва вели дека сака да разговара за статусот на неутралност, за тоа исто така, може да разговараме. Нашата подготвеност на дијалог, е дел од нашата истрајност во постигнувањето мир“, напишал во СМС-порака за агенцијата Подолјак.

Претходно украинскиот претседател Владимир Зеленски повеќепати говореше дека порано или подоцна ќе мора да започне директен дијалог меѓу Киев и Москава за запирање на сите непријателстава. Зеленски секогаш истакнвуал дека е отворен да дискутира за сите прашања со руската страна, вклучително и за вонблоковскиот статус на Украина.

„Порано или подоцна, Русија сепак ќе мора да преговара со нас, да разговатра за тоа како и го прекина непријателствата и да ја запре оваа инвазија. Колку поскоро ќе започнат овие преговори, толку помалу ќе бидат загубите на самата Русија“, оцени во петокот Зеленски.

Претходно Зеленски повотори дека не се плаши да преговара за Русија по нејзиното главно барање за неутралниот статус на Украина и за бебзедносните гаранции. Украинскиот претседател притоа изјави и дека запдните партнери на Киев не ѝ пружиле никаква помош на неговата земја и безбедносни гаранции и оди сега не сакаат да ја примат во НАТО.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров подоцна во петокот рече дека украинскиот претседател Владимир Зеленски лажал кога рекол дека е подгответн да разговара за неутралниот статус на Украина.

Лавров, исто така, рече дека Русија ќе спроведе демилитаризација на Украина, но ден гледа никава можност да ја признае сегашната украинска влада како демократска. Истакна дека Москва не сака со Украина да управуваат „неонацисти“. Додаде дека Москва ќе биде подготвена на разговори со Киев, но дури откако украинската војска ќе го положи оружјето.

Во четвртокот одговарајќи на новинрско прашање за шанските за одржување директни руско-украински разговори, портапролот на Кремљ потсети дека рускиот претсеедател Владимир Путин ги „формулирал очекувањата во врска со концептуалните проблеми“, вклучително и неутралниот статус на Украина и нераспоредувањето на стратешко вооружување на територијата на земјата.

На барањето да прецизира дали Русија сега е подготвена да преговара со Украина на оваа тема Песков истакна: „Доколку водството на Укриана е подготвено да разговара за тоа“.