Русија веќе нема никаква илузија дека некогаш би можела да се потпре на Западот и Москва никогаш нема да прифати светски поредок во кој доминираат САД кои сакаат да имаат целосна контрола, порача во петокот шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
Западните земји пред десетина дена воведа нов круг остри санкци за рискиот финансиски, енергетски и корпоративен сектор, како одговор на она што Москва го нарекува „специјална воена операција“ во Украина, со што според Западот руската економија е турната во најголемата криза по распадот на Советскиот сојуз во 1991 година.
Сергеј Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година, изјави дека реакцијата на Западот на руската воена операција покажаа дека со Западот всушност целосно доминираат САД и дека Европската унија главно е немоќна.
„Ако и имаше некакви илузии дека би можеле еден ден да се потпреме на нашите западни партнери, таквата илузија веќе ја нема“, рече Лавров за руската RT на анлгиски јазик.
Порача дека поради тоа Русија ќе се сврти кон истокот.
„Американците сакаат еднополарен свет кој не би бил како глобално сели, туку како американско село или, можеби, како салун во кој владее најсилниот“, рече Лавров.
Додаде дека многу земји како Кина, Индија и Бразил не сакаат „вујкото Сем“ да им наредува и да се однесува како да е шериф.
Одговорот на Лавров на напорите на Западот да ја изолира Русија е во согласност со неодамнешната изјава на претседателот Владимир Путин кога посочи дека периодот на руската историја по 1991 година се приближила кон крајот и дека сега Русија сѐ повеќе ќе се свртува кон себеси, како и кон Кина и Индија.
„Сега ќе мора да се потрпеме саните на себези и на нашите сојузници кои остануваат со нас. Ние не ја затвораме врата за Западот, тие тоа го права“, рече Лавров.