![лавров](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/lavrov.jpg?resize=696%2C443&ssl=1)
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска пристигна во мароканскиот град Маракеш за да учествува на Форумот за руско-арапска соработка.
Авионот на Лавров слета на аеродромот „Маракеш Менара“. Претходната сесија на овој форум се одржа во Москва во април 2019 година, а состанокот беше прекинат поради пандемијата на корона вирусот.
Руското Министерство за надворешни работи го нарече форумот „важен механизам за соработка“ меѓу Русија и арапските држави.