Лавров: Разумна e одлуката на патријархот Порфириј за евхаристичко единство на СПЦ со МПЦ-ОА

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров позитивно ја оцени одлуката на Архиерејскиот собор на Српската Православна Црква (СПЦ) и Патријархот Порфириј за евхаристичко единство со Македонската Православна Црква-ОА, јави дописникот на МИА од Белград.

– Ова (обновување на евхаристиското единство меѓу СПЦ и МПЦ-ОА) го оценувам само позитивно. Мислам дека тоа е разумна одлука на СПЦ и патријархот Порфириј, изјави Лавров во интервју за руската онлајн ТВ „Наше кино”, пренесуваат белградски Вечерни Новости.

Според рускиот министер, „ова е достоен одговор на интригите што ги плете цариградскиот патријарх”.

– Тој се обиде засекогаш да го погреба секој однос меѓу другите православни цркви, пред се, српската и македонската. Овој провокативен план е спречен, посочи Лавров.

Вратете го видот на која било возраст со овој метод…
Шефот на руската дипломатија одлуката за обновување на евхаристичкото единство меѓу српската и македонската црква ја нарече мудра.

-Со тоа се овозможува повторно воспоставување на евхаристичко единство со Руската православна црква, за што ние сме заинтересирани. Сигурен сум дека тоа ќе послужи за доброто на православието, заклучи Лавров.