Лавров: Русија е подготвена да ги проучува мировните иницијативи на Трамп за Украина

Русија е подготвена да ги проучи мировните иницијативи на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за војната во Украина кога тој ќе ја преземе функцијата следната седмица, изјави во вторникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Лавров предупреди дека Трамп зборувал за војната, за која претходно рече дека ќе биде прекината во рок од 24 часа по враќањето во Белата куќа, пред неговата инаугурација, но додаде дека Русија го поздравува фактот што тимот на Трамп почнал да зборува за „реалноста на теренот“ кога станува збор за Украина.

Рускиот министер за надворешни работи рече дека тоа се рефлектира и во изјавите на Трамп, како и во коментарите на неговиот иден советник за национална безбедност, Мајк Волц.

Волц за телевизијата ABC News во неделата изјави дека е јасно дека војната мора да се заврши некако преку дипломатски средства.

„Едноставно не мислам дека е реално да се каже дека ќе го исфрлиме секој Русин од секоја педа украинска земја, дури и од Крим. Претседателот Трамп ја призна таа реалност, а јас мислам дека тоа беше огромен чекор напред во тоа целиот свет да ја прифати таа стварност. Да тргмеме сега напрад“, додаде тој.