![Лавров](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/09/1402313.jpg?resize=696%2C444&ssl=1)
Русија е подготвена за разговори за Украина, но нема да разгледува никакви предлози за прекин на огнот бидејќи Москва веќе еднаш е измамена, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Работиме во реалната ситуација што се разви. Во март и април 2022 година имаше преговори, сè беше веќе парафирано. Но два дена подоцна беше Буча, бидејќи, мислам, некој во Лондон или Вашингтон не сака оваа војна да заврши“, рече првиот човек на прес-конференцијата по 78-та сесија на Генералното собрание на ОН.
„Затоа сега, кога слушаме за преговори, претседател Путин го коментираше тоа, тој рече многу јасно: да, ние сме подготвени за преговори, но нема да разгледаме никакви предлози за прекин на огнот, бидејќи еднаш не излажавте“, посочи Лавров.
Највисокиот руски дипломат истакна дека Западот му забранил на Киев да преговара со Москва.
„Ние не само што бевме подготвени, се согласивме да преговараме, постигнавме договор во април 2022 година. И после тоа, како што разбрав, на [украинскиот претседател Владимир] Зеленски му беше кажано: бидејќи тие се договорија толку брзо, ајде да ги измориме до крај“, рече министерот за надворешни работи.
Претходно Лавров изјави дека колку подолго Киев ги одложува преговорите со Москва, толку потешко ќе биде подоцна да се преговара. Според него, првиот чекор за такви контакти треба да биде укинување на декретот на Зеленски за забрана на дијалогот со Москва.