Русија не ја поттикнува кризата со храната во своето, се придржува до своите обврски од договорите и продолжува со испорачувањето на храната и енергијата, истакна рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Во авторскиот текст објавен во неколку дневни весници пред неговото патување во Африка, Лавров, меѓу другото, пишува дека „лагите и шпекулациите на западните и на украинската пропаганда дека Русија наводно извезува глас, се апсолутно неосновани“.
Лавров истакнува дека проблемите со храната во светот започнале уште во времето на пандемијата на коронавирусот, кога Западот ги користел своите пари да ги пренасочува стоковите и прехранбените синџири, „влошувајќи ја поради тоа, ситуацијата во земјите во развој коишто зависат од увозот на храната“.
„Русија ќе продолжи совесно да ги исполнува своите обврски според меѓународните договори во поглед на извозот на храната, вештачките ѓубрива, изворите на енергија и другите стоки животно важно за Африка“, истакнува Лавров.
Русија и Украина подоцна во петокот попладнето во Истанбул треба да потпишат договор за извозот на житарки, соопшти во четвртокот доцна ноќта кабинетот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Ердоган и генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, како и претставниците на Русија и на Украина, ќе присуствуваат на потпишувањето на договорот за кој се подготвува свеченост во 15,30 часот по средноевропско време во историскиот дворец Долмабахче во Истанбул, се додава во соопштението.
Договорот треба да овозможи повторно користење на црноморските пристаништа, благодарејќи на воспоставени безбедносни коридори поради подводните мини кои украинската армија ги поставила уште пред руската инвазија, и прекини на судирите во областите на транспортот.
Предвидени се прегледи на трговските бродови, што веројатно ќе ѝ биде доверено на Турција, за да се осигури дека бродовите кои одат во Одеса по житарки нема да превезуваат оружје за украинската војска. Се планира и воспоставување координациски центар во Истанбул во кој ќе учествуваат поморски и стручњаци на ОН, според дипломатски извори.
Црноморските украински пристаништа до неодамна беа главни точки за извоз на земјоделските производи, се блокирани по почетокот на војната кон крајот на февруари. Русија и Украина се големи извозници на житарки на глобалните пазари. Русија, покрај тоа, е најголем извозник на вештачки земјоделски ѓубрива, а Украина на масло за јадење.
Со потпишувањето на овој договор меѓу двете земји би требал брзо да влијае на намалувањето на цените кои остро растат последните месеци. Прехранбената криза се заканува со последица од глад во низа земји, во прв ред во Африка јужно од Сахара, но и во Либан и во Египет.